Press "Enter" to skip to content

Министерот за земјоделство Трипуновски на средба со земјоделците од Битола

Во работна посета на општина Битола, денес престојуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој заедно со градоначалникот на општина Битола, остварија средба со земјоделците и сточарите од Пелагонискиот регион.На средбата се разговараше за актуелните состојби во сите земјоделски и сточарски гранки, за субвенционирањето, како и за актуелните политики за регионот.

 -Се појавија некои шпекулации дека се прави некакво кратење и тоа апсолутно не е точно,  напротив има зголемување на субвенциите во сточарствотои се со цел да го зголемиме сточниот фонд и млеко продукцијата како еден од поважните земјоделски производи. На присутните  земјоделци, најголем дел сточари, им соопштив дека оваа година субвенцијата се зголемува и тоа во делот за крави, овци или кози, а се зголемува и во делот на продукцијата, истакна Трипуновски.Градоначалникот Тони Коњановски, пред присутните  ја потенцираше поддршката од локалната самоуправа кон населението од руралните средини, пред се во областа на инфраструктурата и административното работење, согласно Стратегијата за локален економски развој на општина Битола.Министерот Трипуновски се осврна и на распределбата на земјоделското земјиште во Пелагонискиот регион, како и за заложбата на зголемувањето на сточниот фонд.