Пожарникарите ноќеска гаснеле запалени контејнери во Велес

Објавено на 6 јануари, 2025 во 11:05
Фото: Архива

Територијалната протв пожарна единица интервенирала на три запалени контејнери, вчера вечер, додека граѓаните славеа Коледе во Велес. Пожарникарите првата пријава за запален контејнер кај салонот на „Симпо“ на ул. 11ти Октомври ја примиле во 23:45 часот . Таму интервенирале двајца пожарникари со едно протв пожарно возило.

„По пристигнување на лице место пристапено е кон гасење на контејнерот во меѓу време добиваме информација од минувачи дека на истата улица горат уште два контејнера и истите беа изгаснати. Додека се работеше на втората локација од страна на дежурниот од ТППЕ добиена е информација за запален четврти контејнер на истата улица. Сите три пожари беа успешно изгаснати без штета“, соопштија од Територијалната против пожарна единица Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.