logo
logo
logo

Мировна мисија во Украина- една од темите на министерскиот состанок на НАТО

Vecer | 03.04.2025

Мировна мисија во Украина- една од темите на министерскиот состанок на НАТО

Според истите извори, како што јави дописникот на МИА од Брисел, идејата е командните и контролните структури на НАТО да ја формираат можната рамка за распоредување на мировни сили во Украина, по евентуално постигнување на договор за прекин на огнот. 

Ваквата иницијатива, зад која стојат Франција и Велика Британија, се оценува како дел од напорите на европските земји за преземање поголема улога во безбедноста на Украина

Идејата, според дипломатските извори, предвидува користење само на разузнавачките и извидувачките капацитети на НАТО, со што би се избегнало директно ангажирање на САД во целата мисија. 

Британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Лами при доаѓањето на денешниот состанок најави дека на него ќе се разговара и за „практичното планирање на подготовката и распоредувањето“ на мисија во Украина во случај на постигнување мировен договор. 

Информациите за дебатата за распоредување на мировни сили во Украина доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп одбива директно учество на САД во мисија „предводена од Европа“.  

Сепак, како што посочуваат дипломатските извори, според проценките на „официјални лица“, НАТО е единствената командна и контролна структура која би можела да распореди мировни сили од повеќе земји во Украина./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk