Собранието денеска ќе ја одржи 41. седница на која на дневен ред, меѓу другото, се и поставување пратенички прашања. Премиерот Христијан Мицкоски и министрите ќе одговараат на прашањата на пратениците.
Според новиот Деловник, од 21 ноември лани се одржува седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа. Од Собранието тогаш информираа дека одржувањето на оваа седница со пратенички прашања е согласно член 42 од Деловникот усвоен во 2023 година, што почнува да се применува од овој мандат.
Редоследот на поставување на пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи, на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група.
Во првите два часа пратениците од опозицијата ќе им поставуваат прашања на премиерот, на министрите и други именувани и избрани лица.
Додека граѓаните со масовни протести го изразува своето незадоволство од системските грешки кои што доведоа до трагедијата во Кочани којашто однесе 59 млади животи, пратениците веќе втора недела се на „одмор“ и ги одложија сите активностите во парламентот во наредните денови. Ваквата одлука е донесена на координација во Собранието на која присуствувале претседателот на Собранието, Африм Гаши, потпретседателката Весна Бендевска и координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица, како и претставник од Влада и генералната секретарка на Собранието.