Посебен сообраќаен режим во дел од Скопје поради излевање на Маркова река

115

Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевање на Маркова река од речното корито, се уште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат с. Горно Лисиче – с. Долно Лисиче, како и влезот за с. Батинци во двете насоки.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.