Мицкоски: Потврдено силното партнерство со САД – разговор со американскиот државен секретар за економија

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека остварил телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, кој веќе еднаш ја посетил Македонија и важи за долгогодишен пријател и поддржувач на земјава.

„Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба“, напиша премиерот на Фејсбук.

Мицкоски нагласи дека стратешкото партнерство со САД останува врвен приоритет за Владата, особено во контекст на стабилноста и економскиот напредок на регионот.

Во разговорот било потенцирано значењето на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, како и за прашањата од витално значење поврзани со економската соработка. Двајцата соговорници се согласиле да продолжат со унапредување на стратешкото и економско партнерство меѓу Македонија и САД.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното