Познато како функционира формулата на Трамп за пресметување царини: Како стигна до бројката од 33 проценти за Македонија?

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп го шокираше светот со одлуката да воведе реципрочни царини за увоз на стоки од други земји.

Според администрацијата на Трамп, новиот тарифен режим е дизајниран да ги одрази „нефер“ трговските практики и бариери што другите земји им ги наметнале на САД.

Како се пресметуваат тарифите на Трамп?

Методологијата што ја користела администрацијата на Трамп е релативно едноставна и заснована на следнава формула:

* Земање на трговскиот дефицит што САД го имаат со одредена земја.

* Го делат тој дефицит со вкупниот износ на извозот на таа земја во САД.

* Добиената бројка потоа се дели со два, бидејќи Трамп рече дека сака да биде „добар“ со трговските партнери.

Овој метод е критикуван затоа што не ги зема предвид специфичните секторски трговски односи или не зема предвид други економски фактори, како што се инвестициите, трошоците за производство и улогата на мултинационалните компании.

Исто така, администрацијата на Трамп тврди дека трговскиот дефицит претставува збир на „нефер“ трговски практики, што многу економисти го оспоруваат.

Џејмс Суровиецки, финансиски аналитичар, беше првиот што ја забележа оваа шема и истакна дека тоа не е сложен економски модел, туку едноставна пресметка прилагодена на политичките цели на администрацијата.

Слични содржини