Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на 21 март соопшти дека верижни пропусти и незаконити дејствија му кумувале на пожарот во Кочани кој се случи на 16 март. Осомничени се 34 физички лица. на 25 март претреси во домот, возилото и два угостителски објекти на сопственикот на дискотеката „Пулс“, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани, се извршени во рамки на истрагата за трагичниот пожар во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени. Како што информира МВР, при претресите одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за истрагата на властите за трагедијата во Кочани?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа