ФОТО Поставен транспарент за Крешник Бектеши во Дебар, се бара правда!

Денеска во централниот дел на Дебар беше поставен транспарент со натписот „Правда за Крешник – единствен пат кон мирот“. Транспарентот се наоѓа во близина на канцеларијата на разгранокот на Демократската унија за интеграција, што привлекува внимание во локалната заедница.

На транспарент пишува на албански и македонски јазик, како дел од герила акција на матичната партија на поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши кој е осомничен по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за издадената дозвола за работа на истата.

Објавувајќи фотографија од поставениот транспарент претседателот на разгранокот на ДУИ, Артин Спахиу, напиша „Дебар бара ПРАВДА“, додавајќи дека „Дебар останува печат на секоја национална активност“.

-Дебар е секогаш тука – кога е значајно, кога е во прашање достоинството, нацијата, праведноста. Дебар останува печат на секоја национална активност. Кога владата насилно ги отстрани транспарентите, надевајќи се дека ќе нè исплаши, Дебар ја прекина тишината и стана да им каже отворено што го кажуваме секој ден: Ние станавме, напиша меѓу другото Спахиу на објавата на Фејсбук.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното