АСМЛ Холдинг објави пониски нарачки од очекуваните, наведувајќи ја слабоста во секторот за чипови во претходниот квартал. Американските царини се закана која може да ја наруши индустријата.
Холандска компанија, чии најголеми клиенти се „Тајван семикондактор манифактуринг“ и „Интел“, пријави резервации од 3,94 милијарди евра (4,47 милијарди долари) во првите три месеци од годината, се вели во соопштението за печат објавено во средата.
Според податоците кои ги собра „Блумберг“, аналитичарите очекуваа во просек 4,82 милијарди евра.
Прочитај повеќе

Иднината на вештачката интелигенција се сели на Блискиот Исток
Владите на земјите од Персискиот Залив исклучително ја поддржуваат дигиталната трансформација.
31.03.2025

Ни најнапредната ВИ не може да замени некои професии, тврди Бил Гејтс
Гејтс предупредува дека многу професии ќе исчезнат, но некои остануваат незаменливи
30.03.2025

Најлош квартал за Nasdaq 100 во последните години поради страв од балон на ВИ
Производителот на чипови „Енвидија“ забележа пад на акциите од 28 отсто во споредба со јануари.
01.04.2025

Лама 4 - нови моќни модели на вештачка интелигенција од „Мета“
За Лама 4 компанијата вели дека се изградени врз основа на најнапредните големи јазични модели во светот.
08.04.2025

„Опен еј-ај“ тврди дека Маск игра безмилосно за превласт во вештачката интелигенција
„Опен еј-ај“ го повика судот да му нареди на најбогатиот човек во светот да престане со својата негативна кампања.
10.04.2025
АСМЛ објави дека сè уште очекува вкупна нето-продажба меѓу 30 и 35 милијарди евра во 2025 година.
АСМЛ е единствениот производител на висококвалитетни литографски машини кои компаниите за полуспроводници ги користат за да направат напредни чипови за различни производи, вклучувајќи ги и паметните телефони на „Епл“ и акцелераторите за вештачка интелигенција на „Енвидија“.
Компанијата имаше корист од бумот со вештачката интелигенција во кој технолошките гиганти инвестираа милијарди долари во чипови и центри за податоци за напојување на новите технологии. Ова овозможи АСМЛ да проектира приходи во опсег од 44 милијарди евра и 60 милијарди евра до 2030. Но загриженоста за можно забавување на побарувачката за вештачка интелигенција се засили по разочарувачките предупредувањата на некои производители на чипови и аналитичари, засилени со заканите за царини од САД.
Резултатите од првиот квартал доаѓаат две недели откако американскиот претседател Доналд Трамп објави царини за сите извозници во САД, што предизвика распродажба на акциите поради страв од економски пад, слабеење на побарувачката на потрошувачите и неизвесност поради ескалација на трговската војна.
Аналитичарите предупредија дека овој потег ќе влијае на побарувачката на чипови и инвестициските планови на клиентите на АСМЛ.
Сепак, администрацијата на Трамп минатата недела направи исклучок од таканаречените реципрочни царини за одредени производи како што се паметните телефони, компјутерите и машините кои се користи за правење полуспроводници.
Но, во понеделникот, американското Министерство за трговија објави дека почна да го истражува влијанието врз американската национална безбедност од „увозот на полуспроводници и опрема за производство на полуспроводници“, што може да се смета за претходник за наметнување на царинските давачки.
Акциите на АСМЛ паднаа заклучно со вчера забележаа годишен пад од околу 34 отсто.