ВИДЕО: Едвардс сруши два рекорди и ја одигра најдобрата четвртина во Евролигата!

Макаби Тел Авив минимално го совлада Баерн (93-90) во 33. коло на Евролигата. 

Овој натпревар го одбележа неверојатниот Карсен Едвардс кој испиша историја и тоа по два параметри. Кошаркарот на баварците имаше трета четвртина за паметење. Едвардс погоди неверојатни осум тројки од исто толку обиди пред првпат да промаши, а уфрли и една двојка. 

Карсен Едвардс со тоа стана кошаркар со најмногу погодени тројки во една четвртина на Евролигата. Освен тоа, Американецот постигна и најмногу поени за четвртина, вкупно 26.