Просечната плата во Македонија се зголемува на над 50 илјади денари или над 800 евра, објави премиерот Христијан Мицкоски кој открива дека во споредба со периодот 2021/23 во периодот 2024/25 растот на платите е за речиси три пати поголем.
,,Зголемени плати, реален раст – Македонија се буди!
Од 1 април започна исплатата на зголемените плати во јавното здравство: линеарно зголемување од 2.500 денари нето за сите!
Со зголемувањето во ноември, вкупното зголемување достигнува 4.815 денари, а за медицинските сестри дури 6.200 денари.
Со тоа, просечната плата се зголемува на околу 50.200 денари. Октомвриското зголемување изнесува 10.49%, а кумулативно – дури 17.18%! Со инфлација од околу 3.5%, реалниот раст за 2024/25 ќе биде околу 9.4%.
За споредба, во периодот 2021–2023 реалниот раст изнесуваше само 3.8%”, објави премиерот Мицкоски .
Промените се случуваат.
Македонија повторно станува ваша!