25.8 C
Скопје
15:01 - 18 април, 2025

„Остана само празнина…“: Ана Костадиновска се прости од загинатите членови на „ДНК“ со трогателна порака

Придружниот вокал и професорка по музика, Ана Костадиновска, се збогуваше со своите колеги од групата „ДНК“, кои трагично го загубија животот во катастрофалниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Меѓу 59-те жртви беа пејачот Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, пијанистот Филип Стевановски, битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо, тонецот Игор Велков и официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов.

„Си замина дел од моето второ семејство. А, заедно со нив, и душава моја. Остана само пепел и празнина. Кој би рекол дека празнината може толку силно да боли?“, напиша Костадиновска на својот фејсбук-профил, изразувајќи ја својата огромна тага по трагедијата.


Таа и Сара Пројковска беа долгогодишни соработнички, создавајќи хармонично дуо кое придружуваше бројни македонски изведувачи на сцената. Со посебна болка, Костадиновска ѝ посвети емотивна проштална порака на својата блиска пријателка.

„Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа… ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден“, напиша таа.

Да потсетиме, и раперот Владимир Блажев – Панчо и Ана Костадиновска беа дел од музичкиот состав на „ДНК“ кој настапуваше во моментот на трагедијата. Во моментов, Панчо е хоспитализиран во скопска клиника.

Слични објави

Николина Пишек отиде чекор понатаму: Нема да верувате каква естетска корекција направи

Еспресо

Нада Топчагиќ откри зошто биле скарани со Зорица Брунцлик: „Беше злобна и ме гледаше попреку“

Еспресо

Дневен хороскоп 18 април: Овните ќе бидат отворени за нови идеи, Лавовите ќе имаат флерт со позната личност

Еспресо

Гоца Тржан со болна исповед: Космички имам две деца, едното е со мене, другото не

Еспресо

Анабела ѝ одговори на Весна Ѓогани: „Ма, нека зборува што сака! Ми се смачи од тоа!“

Еспресо

Соседите на Сенида за нејзината тажна судбина: „Беше затворена дома со месеци!“

Еспресо