Сака за 7 минути по враќањето на терен со гол за победа на Арсенал (ВИДЕО)

77
0

Само седум минути му беа потребни на Букајо Сака од враќањето на терените по подолгата пауза поради повреда, да ја затресе противничката мрежа и да му донесе победа на Арсенал од 2:1 (ВИДЕО) против Фулам во првиот меч од 30. коло во Премиерлигата.

Првиот гол за „топчиите“ беше дело на Мерино во 37. минута (ВИДЕО), со што практично и беше најавена победата на момците на Артета, кои и натаму остануваат со 9 бода зад Ливерпул, но и меч повеќе. Гостите само намалија во 94. минута со голот на Родриго Муниз.

Во вториот завршен меч вечерва, важна победа оствари Вулверхемптон, кој пред своја публика со 1:0 го совлада Вест Хем. Голот за радост и победа на „волците“ беше дело на Ларсен во 21. минута.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноКасано: Леао е полуфудбалер, Пулишиќ за него е играчиште!
СледноСензација: Третолигаш го елиминираше Баер (Л) и обезбеди финале во купот (ВИДЕО)