Органите на прогонот се на нозе, но резултат засега нема. Ремзи Мифтари, кој беше правосилно осуден на 10 години затворска казна за една од најтешките сообраќајни трагедии во македонската историја – несреќата кај Ласкарци, е недостапен за полицијата. Иако требаше да започне со отслужување на казната уште во мај, Мифтари сè уште е на слобода, а обидите за негово присилно спроведување засега се неуспешни. Според информациите, Основниот суд во ...
Осудениот за трагедијата кај Ласкарци, Ремзи Мифтари, четврти ден е недостапен за полицијата, иако има правосилна 10-годишна затворска казна и наредба за присилно спроведување во затворот „Идризово“. Од СВР Тетово потврдуваат дека уште пред четири дена ја добиле наредбата од гостиварскиот суд, но Мифтари не бил пронајден ниту дома, ниту на други локации за кои имале сознанија. Во тек се активности за негово лоцирање, но засега – без успех. ...

