Осмо издание на „Поетска епизода”

28.12.2023 13:20
Осмо издание на „Поетска епизода”

Денес, 28 декември, во кафе-книжарницата „Буква” ќе се одржи осмата „Поетска епизода“ во организација на младинската неформална организација за култура „Култура Бета“.

На последното издание за оваа година поезија ќе настапат поетите Николина Андова Шопова, Емануела Ковачевска Китановска, Драган Атанасов, Милена Сиљановска, Никола Наумовски, Дарија Јовановска, Андреј Анѓеловиќ и Вероника Димоска.

Настанот кој е организиран со поддршка на Europe House Скопје, ќе го модерираат Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски.

Воедно, ова е и последен настан на „Култура Бета” за оваа година со што и се затвора серијата културни настани што ги организираше оваа неформална организација меѓу кои се случија пет поетски читања, започна мултимедијалното книжевно читање „Клинци”, се одржаа две изложби на Марија Јаќовска и Тамара Блажевска и беше промовиран албумот „Еј, шо прајш таму!?” на Кенопсија.

ОкоБоли главаВицФото