Бизнис
БОЈКОТОТ ОД ПОТРОШУВАЧИТЕ БЕЗ УСПЕХ, трговците во Црна Гора со зголемен прометот
04.04.2025
Приходите на трговските синџири во Црна Гора од 31 јануари годинава, кога се случи првиот бојкот, до 14 март, кога беше последен, изнесуваат 108,48 милиони евра и се повисоки од истиот период лани за 2,27 милиони или 2,14 отсто, покажуваат податоците на Даночната управа доставени до весникот Дан.
Досега имаше три големи бојкоти на сите трговски синџири. Првиот беше на 31 јануари, вториот на 7 и 8 февруари, а третиот на 11 и 14 март.
Трговскиот бојкот започна на повик на Алтернатива Црна Гора, се со цел да се намалат високите цени на прехранбените производи и по примерот на Хрватска, во која прва од балканските земји започна ваква борба за намалување на малопродажните цени во трговските синџири.
Првиот бојкот беше убедливо најдобар, а потоа граѓаните испратија јасна порака дека трговците треба да ги намалат цените, но проблемот е што на тоа не опстојуваа ниту еден месец.
Првиот бојкот, на 31 јануари, доведе до намалување на прометот во малопродажните синџири за цели 56,14 отсто или 1,57 милиони евра. Прометот тој ден беше 1,338 милиони.
Така, на 14 март прометот е зголемен за речиси 1,6 милиони, односно за 119,2 отсто во однос на првиот бојкот. Во однос на 7 февруари, растот на прометот на 14 март изнесува 41,92 отсто, пренесува Инвеститор.ме.