logo
logo
logo

Дон Карло со одлука: Винисиус нема веќе да шутира пенали!

Vecer | 07.04.2025

Дон Карло со одлука: Винисиус нема веќе да шутира пенали!

Болен пораз доживеа Реал Мадрид во саботата и тоа на „Сантијаго Бернабеу“ од Валенсија. Пораз кој може да го чини и титула во Ла Лига. Треба да се каже дека на овој мел Винисиус на 0:0 не успеа да реализира удар од белата точка. Ако тоа беше гол веројатно “кралевите“ ќе славеа. По ова Дон Карло Анчелоти, како што пренесува “Марка“ дека Бразилецот нема веќе да изведува или шутира пенали. Сега таа одговорност целосно му припаѓа на Килијан Мбапе а ако и тој не покажа доволен перфоманс од белата точка тогаш на ред доаѓа Џуд Белингем.

Јасно е дека Винисиус Жуиниор ова тешко дека ќе го прифати. И на него му е јасно дека Мбапе е доведен да биде прва ѕвезда во Реал Мадрид и дека тој тоа нема да биде во наредниот период. Веројатно затоа таа негова нервоза во оваа сезона откако Мбапе е во Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk