Свет

Трамп: Ако некој даде „феноменална“ понуда, ќе ги намалиме царините

Извор: Annmarie Horden / Bloomberg

4 април 2025, 15:17

Американскиот претседател најави уште царини, претежно на фармацевтски производи

Тој повтори дека може да ги намали царините за Кина ако таа ја одобри продажбата на Тикток во САД

Трамп верува дека економските потреси пополека ќе се смират

Трамп: Ако некој даде „феноменална“ понуда, ќе ги намалиме царините

Bloomberg

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е отворен за намалување на царините доколку другите земји им понудат на САД нешто „феноменално“, сугерирајќи дека Белата куќа е сепак отворена за преговори, и покрај инсистирањето на некои високи функционери.

Во четвртокот Трамп ја бранеше својата царинска програма и покрај падот на берзата, велејќи дека е среќен што каматните стапки паѓаат и дека верува дека економските турбуленции со текот на времето ќе стивнат.

„Царините ни даваат огромна преговарачка моќ“, рече тој, додавајќи дека „имале повици од сите држави“.

Запрашан дали тоа значи дека размислува да попушти, претседателот рече дека тоа „зависи“. „Ако некој каже дека ќе ви даде нешто феноменално, сè додека ни даваат нешто добро“, рече Трамп. Сепак, тој истакна дека ќе следуваат нови давачки.

„Наскоро почнуваме со чиповите“, рече Трамп. „А фармацевтските производи се следни, мислам, на нивоа што не сме ги виделе досега. Во моментов ја разгледуваме фармацевтската индустрија. Тоа е посебна категорија. Ќе го објавиме тоа наскоро. Во моментов е во фаза на разгледување“.

Ги урна берзите

Акциите на фармацевтските компании паднаа во петокот во Индија, како и низ Азија. Фјучерс-индексите паднаа и во Европа и во САД, падна и доларот, а приносите на американските 10-годишни обврзници повторно паднаа под 4 отсто, додека царините продолжуваат да прават потреси на пазарите низ цел свет.

Претседателот зборуваше на оваа тема по еден од најлошите денови забележани на берзите од врвот на пандемијата на коронавирусот. Околу 2,5 билиони долари (2.500 милијарди долари) беа избришани од индексот S&P 500 во четвртокот, кој падна за пет проценти. Индексот Rusell 2000, кој ги следи помалите компании, го продлабочи својот пад од рекордно високото ниво во 2021 година на 20 отсто поради шпекулациите дека трговската офанзива на претседателот ќе ја забави американската економија.

Трамп повтори дека ќе биде подготвен да понуди намалување на царините особено за Кина, во случај Пекинг да одобри продажба на американскиот деловен сегмент на платформата Тикток. Рокот за продажба на апликацијата истекува в сабота доколку Трамп не наметне продолжување во обид да постигне договор.

Претседателот рече дека се „многу блиску до договор“.

Израел ги укина царините за американските стоки во текот на неделава, надевајќи се дека ќе ги избегне царините на Трамп, но Белата куќа објави дека САД му воведуваат царини од 17 отсто на Израел.

„Мислам дека нашите пазари ќе процутат. Мора да им дадете шанса“, тврди Трамп. „Треба да им дадете малку време“.

Тој се осврна на падот на цените на енергентите и 10-годишните приноси, прикажувајќи ги како позитивни знаци. „Она што ми се допаѓа е намалувањето на каматните стапки, поевтинувањето на храната“, рече претседателот. „Ми се допаѓа падот на цените на јајцата, ако го погледнете. И, многу важно, падот на цените на горивата“.

Американскиот претседател исто така рече дека верува оти Обединетото Кралство е задоволно од третманот според новиот царински режим. За таа земја беше воведена минимална царина од 10 отсто, додека за земјите од Европската Унија царина од 20 отсто.

Страв и ужас на берзите
Берзи

Страв и ужас на берзите

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата направи нешто што на многумина им се чинеше незамисливо.

07.04.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Пишман аџија или хардкор бизнисмен – пет вести на денот
Билтен

Пишман аџија или хардкор бизнисмен – пет вести на денот

Европските акции се отворија нагло повисоко, следејќи го релито на Волстрит доцна во средата, откако претседателот Доналд Трамп го паузираше најголемиот дел од неговите огромни зголемувања на царините.

пред 17 часа

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите