ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?

Од:

Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи. Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви? Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи? Колку милиони чини и на кој начин се стекнати? Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото претседател на СДС, Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали Венко Филипче поседува виза за Дубаи? На кој начин ја стекна, имајќи во предвид дека цел живот е на административна плата без ден работен стаж во приватен бизнис? Додека велеа дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите. СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ и ЗНАМ попусто го бришат името Македонија – Грција и Бугарија со нова амандманска блокада

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он