Митревски: Имаме свои адути за изненадување против Унгарија

Ракометната селекција на Македонија вечерва го одработи последниот тренинг пред стартот на Светското првенство и натпреварот со Унгарија

Најискусниот во нашиот табор, Николче Митревски, истакна дека Македонија има свои адути за фаворизираниот противник и се надева на позитивен старт на шампионатот. Исто така очекува голема поддршка од трибините иако Вараждин е многу блиску до Унгарија.  

„Унгарија е блиску до Вараждин, но и ние ќе имаме поддршка и нема да заостануваме во бројност на трибините. Што се однесува до натпреварот имаме свои адути за изненадување. Се надевам дека ќе креираме стратегија за Унгарците, верувам дека ќе играме егал натпревар со нив и дека на крајот ќе се радуваме“, изјави нашиот најискусен ракометар. 

Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија се игра в среда во вечерниот термин од 20:30 часот.