И дефинитивно во среда попладне Битола ќе “ГОРИ“. Од 18 часот во салата “Боро Чурлевски“ се игра мега – дербито меѓу Пелистер и Вардар, меѓу шампионот и актуелниот лидер на табелата. Интересот е огромен, најголем доказ за тоа што билетите за овој спектакл за само 15 минути се продадени, ова е најновата информација од Битола. Иако Вардар во моментов е во далеку подобра форма, сепак битолчани добро знаат дека овој натревар едноставно не смеат да ...
Пелистер максимално подготвен ќе го дочека Вардар во големото македонско дерби, а „зелено-белите“ ќе имаат и огромна поддршка од трибините за овој меч на кој ќе сторат се за да ја прекинат перфектната серија на вечниот ривал. Атмосферата ќе биде фанатична, најава за тоа е и фактот дека битолчани ги распродадоа сите билети за дербито за експресно кратко време. Јасно е, Битола живее за ракометот, а кога на гости ќе дојде Вардар, тогаш возбудата и ...

