Јокиќ: Чувствував голем замор, мислев дека ќе умрам во првото полувреме

Никола Јокиќ се врати на паркетот и заедно со Расел Вестбрук ги предводеа Денвер Нагетс до победа над Бруклин Нетс (124-105), а по натпреварот српскиот ас изјави дека имал големи проблеми во првото полувреме и чувствувал огромен замор. 

„Одигравме како што знаеме и умееме. Имав големи проблеми во првото полувреме, во еден момент мислев дека ќе умрам, бев преморен. Искрено, среќен сум за победата и знам дека сме на добар пат, ќе одиме чекор по чекор. 

Деновиве пиев многу течности и примав лекарства кои телото не ги восприема на најдобар можен начин. Во второто полувреме ситуацијата беше далеку подобра и затоа епилогот е среќен за нашиот тим“, изјави Јокиќ. 

Јокиќ и Вестбрук забележаа „трипл-дабл“ учинок, а Денвер стигна до 22. победа сезонава. Во следните денови Нагетси ќе играат двапати против Далас Маверикс, а овие натпревари се закажани за 12 и 15 јануари.