ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.08.2024
Во понеделник конференција „Општините пријател на младите“
Автор: Goce Author

Во понеделник (12 август 2024 година), ќе се одржи конференцијата „Општините пријател на младите – Mладинското учество во фокус“.

На конференцијата ќе присуствуваат претставници од општините, градоначалници, претставници на локални младински совети, службеници за млади, грантисти од проектот, екперти во областа на малдиснки политики со цел подобрување на локалното владеење преку зголемена инклузивност и општествено влијание на младите во локалниот демократски живот. Со особена гордост, на овој настан ќе го одбележиме и Меѓународниот ден на младите, кој се прославува токму на 12-ти август.

На настанот свои обраќања ќе имаат министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, Александру Албу,Раководител на операции 2 во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Орце Ѓорѓиевски, Градоначалник на општина Кисела Вода, Сашко Митовски, Градоначалник на општина Крива Паланка.

Како дел од овој проект на ова конференција ќе се доделува награда на една од општините, која согласно претходно истражување спроведено како дел од активностите на проектот се издвојува како отворена, инклузивна и општина која работи во насока на подобрување на локалното владеење и вклучување на младите.

Конференцијата е организирана во рамките на проектот „Заедници инклузивни за млади“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Националниот младински совет на Македонија во партнерство со Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, Платформата зазајакнување на младите од Гостивар и Здружението за одржлив развој СФЕРА Интернешнал Битола.

Измени во субвенционираниот студентски оброк
Избрани единаесет нови гласови на „Отскочна даска“