СЕ УРНА ТАВАН НА ГРАДИНКА: Три деца се повредени во Босна

Објавено во: Балкан 02 Април, 2025 18:04
Во Босна и Херцеговина(БиХ) се урна таван на градинка, по што три деца се однесени во болница и пуштени дома, бидејќи се здобиле со полесни повреди.
Во градинка во Козарска Дубица во северозападна Босна денеска се урнал таванот.
На Фејсбук се појавија фотографии на кои се гледа целата соба и мебелот покриен со урнатини, вклучително и големи парчиња, а инцидентот го потврди и градоначалникот Игор Саваковиќ, објави Феникс.
„Се случи во спалната. Децата беа таму“, изјави Саваковиќ за „Независне новине“, објаснувајќи како парчиња гипс паднале врз едно дете, но тоа нема сериозни повреди.
Локалната новинарка Јелена Пралица, која ја објави снимката од градинката, ја придружува објавата со коментар дека зградата на општината неодамна била реновирана додека никој не се грижи за условите во кои престојуваат децата.
Можеби ќе ве интересира
ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО СВОЈАТА МАИЦА: Каква порака испраќа?

(ВИДЕО) БРОДСКА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Загинаа седум луѓе меѓу кои и три деца

(ВИДЕО) НАВРНА ДОЖД КОЛКУ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ: Апокалиптични сцени во Грција

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ ДОМОВИ: Водата носеше автомобили на грчки острови

(ВИДЕО) НЕПРОСПИЕНА НОЌ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО: Експлозија го потресе Звечан

ПОПЛАВЕНИ ДЕЛ ОД ОСТРОВИТЕ ВО СОСЕДНА ГРЦИЈА - Миконос и Парос најпогодени, надојдените води влечат автомобили (ВИДЕО)

СРБИЈА ЌЕ ДОБИЕ 111 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ - по усвојување на реформите се реализираат најавите од планот за раст на Западен Балкан

Деканката од Ниш излезе од болница: Претседателот на Србија ми извади нож!
