Јокиќ добива нов тренер: Денвер по десет години го избрка Мелоун

Екипата на Денвер Нагетс во следниот дел од сезоната во НБА-лигата ќе има нов тренер, затоа што го отпушти главниот предводник Мајкл Мелоун, според Шамс Чаранија од ESPN.

Нагетси имаат скор 47-32 оваа сезона и се наоѓаат на четвртото место во пласманот на Западната конференција со само три натпревари до крајот на сезоната.

Мелоун беше ангажиран во 2015 година и го освои НБА шампионатот со Денвер во 2023 година. Во вкупно десет сезони со Нагетс, Мелоун има скор 471-327.

Веднаш по Мелоун, објавено е дека е избркан и генералниот менаџер Калвин Бут.