• Иван Димовски
Екипата на Тотенхем загуби од Челзи со 1-0 во рамките на 30. коло на Премиер лигата. По овој натпревар нов коментар за ВАР технологијата имаше тренерот Анге Постекоглу.
Австралиецот смета дека премногу време од фудбалот се троши на проверките, системот не напредува и времето за преглед не се намалува, а зачуден е зошто никој друг не реагира. Тој дури откри дека кога ќе се пензионира нема да го гледа модерниот фудбал така често.
„Против Челзи имаше прекини од 12 минути. Јас мислам дека воведувањето на ВАР немаше ваква цел. Чудно ми е зошто сум единствениот кој зборува за ова, не слушам никој друг. Седам и расмислувам дали сум во право, ама кога ќе се пензионирам дефинитивно ќе гледам што помалку фудбал.
ВАР постои долго време, па шест минути за проверка се премногу. Секогаш чекаме и чекаме, но изгледа дека останатите се задоволни со тоа“, прокоментира Постекоглу.
Тотенхем има сезона за заборав бидејќи котира на 14. позиција на табелата. „Петлите“ досега имаат десет победи, четири нерешени и дури шеснаесет порази.