„Протестот ќе трае се додека не се распише нов конкурс за РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми) или додека РТС не се затвори“, наведуваат студентите во повикот преку социјални медиуми.
Студентите во блокадата ги повикаа граѓаните да им се придружат во блокадата на просториите на Радио телевизија на Србија (РТС) на улицата Таковска во Белград и на Кошутњак.
„Јавниот медиумски сервис работи против сите нас. Бидејќи нема регулатор за медиумски услуги, никој не може да ги скроти“, напишаа студентите во објавата на социјалните мрежи.
Кон двете студија на РТС според белградски медиуми, се упатија и полициски сили на жандармеријата.
Студенти во Нови Сад вечерва ги блокираа влезовите во зградата на Радио-телевизија Војводина со исти барања како и оние на студентите во блокада во Белград. Во објектот веќе се распоредени припадници на полицијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата