Слоновите во зоолошката градина во Сан Диего формираа „круг на тревога“ за да ги заштитат најмладите за време на земјотрес (видео)
Во зоолошката градина во Сан Диего, за време на земјотрес со јачина од 5.2 степени, слоновите инстинктивно се собраа и формираа „круг на тревога“ околу најмалите слончиња за да ги заштитат. Ова е природен одбранбен механизам кај нив кога чувствуваат опасност.
Слоновите можат да почувствуваат вибрации не само преку уши, туку и преку нозете, па така тие го осетија земјотресот пред да се случи во полна сила и веднаш реагираа.
Штом заврши потресот, се растурија од кругот, но сепак останаа блиску едни до други за сигурност. Камерата од зоолошката го фати целото случување и видеото беше објавено на интернет.
Слоновите си имаат свои безбедносни протоколи, очигледно.
Коментирај анонимно