Легендарниот американски фолк музичар Вили Нелсон не запира и откако влезе во десеттата деценија од животот. Деведесет и едногодишниот Нелсон го најави 154. албум во неговата кариера, која почна во 1960-тите.
„Oh What A Beautiful World“ ќе му биде 77. студиски соло албум, што излегува 63 години по неговото дебитантско издание. Оттогаш, тој неуморно работеше, снимаше, настапуваше и соработуваше со други музичари.
Подоцна оваа година, Нелсон ќе се обедини со Боб Дилан на летната етапа од неговата турнеја, која ќе содржи 34 датуми.
(Фото: Гети)