Економија
ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА МАРГИНАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАСТ
25.03.2025
Германската економија би можела да забележи маргинален раст во првиот квартал од 2025 година по две години рецесија, соопштиja од Централната банка на земјата.
Во последниот месечен извештај на Бундесбанка се вели дека „германската економија веројатно малку ќе закрепне во првиот квартал на 2025 година“, поради растот на производството во индустријата, градежништвото и услужниот сектор во јануари.
Потрошувачката не обезбеди никаков поттик за економијата, бидејќи германските жители се воздржуваат од големите набавки поради некои стравувања од губење на работни места.
- Изгледите за германската економија во моментов се особено неизвесни, предупредија од Бундесбанката, пренесува Сеебиз.
фото freepic