Наришкин: Варварското бомбардирање на НАТО на Југославија е злосторство што не се заборавa

Од:

Сергеј Наришкин, директор на Руската служба за надворешно разузнавање и претседател на Руското историско друштво, денеска изјави дека варварското бомбардирање на Сојузна Република Југославија во 1999 година, извршено 78 дена од земјите членки на НАТО, е „злосторство што нема да се заборави“.

„Варварското бомбардирање на еден од најубавите градови во Европа, Белград и други градови и населени места резултираше со бројни жртви и уништување на инфраструктурата. Ова злосторство не смее и нема да се заборави“, рече Наришкин на Тркалезната маса за историјата на борбата против колонијализмот, пренесува РИА Новости.

Според податоците на српското Министерство за одбрана, во текот на 78-те дена од агресијата на НАТО врз Сојузна Република Југославија, загинале 1.031 припадник на армијата и полицијата, а загинале околу 2.500 цивили, меѓу кои 89 деца.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста

Рубио: САД бараат пет проценти одбранбени трошоци од сите членки на НАТО