Филков до Милошоски: „Кусурот на Груевски“ одработува за туѓи интереси

од Nikola Popovski
76 прегледи

„Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево, изгледа дека сè уште нема навика да одговара пред граѓаните кои го избрале. Бидејќи очигледно е неинформиран и изолиран од партијата, го упатувам во неговата матична партија или пак во Владата – можеби конечно ќе го известат за постапките, роковите и статусот на законите“, вака министерот за правда и член на ЗНАМ, Игор Филков се огласи по вчерашните изјави на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Филков оценува дека „пратеникот одработува за туѓи интереси“.

-Дали се тоа интересите на граѓаните или некои други агенди? Во минатото е познат по Ванчо Михајлистички ставови, многу лаги и невистини. Ова е лош де-фокус на македонската јавност по двонеделниот „одмор“. Да го потсетам дека во парламентот е од 2011 година, откако се повлече од функцијата министер за надворешни работи и активно учествуваше во креирање на „канцерогениот“ правосуден систем. Сега е добар момент да се потсети јавноста дека токму тој директно учествуваше во процесот на донесувањето на штетните измени на КЗ во 2023 година, со што се спаси од одговорност за кривичното дело „Моќник”, стои меѓу другото во реакцијата на министерот за правда.

Ваквиот негов став следува откако синоќа Милошоски рече дека министерот за правда има слаби перформанси и дека изнесува свој личен став.

-Сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството“, рече Милошоски во емисијата „Топ тема“, додавајќи дека во област и ресорот правда „има навистина слаб придонес од страна на Филков“.

Несогласувања има и во ВЛЕН. Идејата за лидерска средба веднаш ја отфрли министерот Арбен Таравари чиј член е. Овие несинхронизирани изјави, ја потврдија и тезата на овој колациски партнер, кој откри дека албанското крило е со различни ставови и има канали на комуникација со ДУИ. Партнерите од демократското движење, Беса и Алтернатива, сепак се оградуваат од изјавата на Таравари дека постојат канали за комуникација со интегративците, категорично демантирајќи дека се разговара со како што велат – луѓе кои се на црната листа на САД, осомничени за корупција. Партиското трио е децидно дека немало, ниту има планови за соработка со ДУИ.

Слични содржини