Утрински Весник
Македонија

ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи и невреме!

Xx Model En 355 0 Modez 2025033100 96 954 157.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Најмалку до четврток во нашата Република Македонија, и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, ќе продолжи периодот на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено пообилни). Ќе дува северен и североисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.


Локално пак ќе се создаваат грмотевични облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер (овие процеси повремено ќе бидат поинтензивни и во вид на невреме).

Во Скопскиот регион, исто така и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Да напоменам, дека за време на овој период, локално повторно ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен).

Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно високи и на повеќе места ќе бидат околу 15 степени, а тие повремено и локално ќе надминуваат 15 степени, додека во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, или за некој степен над 20 степени.

Можете да прочитате

Во чест на Павел Христов херојот кој го загуби животот во Пулс: Најблиските организираа меморијален собир со автомобили (ВИДЕО)

Гаши не планира да покрене постапка за разрешување на првата антикорупционерка Димитровска, додека судски не се докаже дека е виновна за корупција

СДСМ бара оставка од Тошковски откако тој го призна скандалот со братот на Стефковски