25 Април, 2025
0.0325

ГОСТИТЕ ПОМАЛКУ ПИЕЛЕ И СПИЕЛЕ, А ПОВЕЌЕ ЈАДЕЛЕ, АМА ХОТЕЛИТЕ ГИ САКАЛЕ - охридскиот бисер „Хотели Метропол“ со одличен профит и здрави планови

Објавено во: Економија 16 Април, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Имале помалку гости од дома, но затоа хотелите ги посетиле повеќе странци. Гостите помалку ноќевале и помалку се задржувале, а исто така и помалку пиеле, но затоа повеќе јаделе од деликатесите подготвени во хотелите. Како и да е, успешните хотелиери оствариле пораст на добивката лани во споредба со претходната година, а за оваа година очекуват уште подобри резултати, давајќи голема надеж на туризмот базиран на договори со странски гости и групи, но и на конгресниот туризам, како и свадбите и коктел забавите.

Станува збор за „Хотели метропол“, компанија чии доминантен сопственик е шпедитерското акционерско друштво „Фершпед“, кое поседува дури 73,5 отсто од фирмата што стопанисува со трите охридски хотели, и со која практично исто така управува семејството Накови, чии претставници доминираат во директорскиот борд на компанијата.

За 20 мај оваа година „Хотели метропол“ ќе одржи акционерско собрание, на кое ќе треба да се носат повеќе одлуки, а ќе се разгледува и извештајот за работењето на друштвото за минатата година, од кој може детално да се согледа како работела компанијата во претходната година.

Лани „Хотели метропол“ регистрирале 6.907 домашни посетители, што е пад за околу 18 отсто во однос на претходната година, но затоа овие три хотели биле посетени од 19.687 странски посетители, што во однос на претходната 2023 година е раст за дури 38 проценти.

Гледано заеднички, вкупниот број на посетители бил зголемен за 17 проценти, но затоа е благо намален бројот на ноќевањата, но и просечниот престој на гостите, кој лани изнесувал 2,11 дена, наспроти 2,55 дена во 2023 и 2,88 дена во 2022 година.

За годинава се проектирани многу повеќе ноќевања, доколку не настанат некои вонредни околности, а тоа би се постигнало преку алотмански договори со ТУИ Холандија, ТУИ Велика Британија и КТМ Војаж Холандија, додека, пак, во „Leasure“ сегментот (летните одмори) се проектира најзначајниот пораст на приходите за оваа година. А, се планира да се зголемат и приходите од конгресниот сегмент.

Хотелите лани оствариле приходи од 1,34 милиони евра од храна, што е раст за 0,27 отсто.

Потоа, од ноќевања се слеале приливи од 1,41 милиони евра, и кај нив има раст за близу 9 отсто, што би значело дека во услови на намалени ноќевања, веројатно има зголемување на цените, па затоа приходите од ноќевањата се повисоки.

И, приливите од пијалок биле 360 илјади евра, што е намалување за 2 отсто, а сите други приходи имале помало учество.

Работењето на компанијата лани сума сумарум било успешно и донело чист профит од близу 500 илјади или прецизно 458 илјади евра.

Доминантниот акцинер „Фершпед“ не планира нив да ги потроши за дивиденди, туку, според предлог одлуката што ја дава на гласање на Собранието, сите овие средства планира да ги употреби за инвестиции во основни средства.

Инаку, Собранието на 20 мај ќе го одобри работењето на членовите на Одборот на директори за ланската година, односно на Драган Наков, кој е претседател на Одборот на директори, Филип Мишевски, генерален директор, Сашо Наков, неизвршен член, како и Јелена Наков и Наташа Милева, исто така неизвршни членови.

А, акционерите ќе гласаат и за стекнување со сопствени акции со откуп, при што минималната цена од која ќе се врши откупот на сопствените акции се утврдува на 100 денари за една акција, а максималната на 1.000 денари за една акција.

Н.Н.Ф.

Фото: Хотел Метропол

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

МЕПСО нема да смее да се продава со новиот Закон за енергетика

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор

„ПОВИСОКИ ПЛАТИ НЕ СЕ 500 ЕВРА ПЛАТА, ТУКУ 500 ЕВРА МИНИМАЛНА ПЛАТА“: Пешевски вели, да се подобрат условите за работа во приватниот сектор

ЦРН ЈУБИЛЕЈ: Германски производител што соработува со Фолксваген престанува со работа

ЦРН ЈУБИЛЕЈ: Германски производител што соработува со Фолксваген престанува со работа

КОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА МЕСЕЧНО СЕ ВРТАТ ВО БИЗНИСОТ СО БРЗИ ПОШТИ ВО МАКЕДОНИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

КОЛКУ МИЛИОНИ ЕВРА МЕСЕЧНО СЕ ВРТАТ ВО БИЗНИСОТ СО БРЗИ ПОШТИ ВО МАКЕДОНИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

Од отпад до визија: Како МИТ ГРУП од Куманово ја градеше иднината со помош на менторство

Од отпад до визија: Како МИТ ГРУП од Куманово ја градеше иднината со помош на менторство

Ристески: Владината мерка за маржите ја поевтини храната за 3 отсто

Ристески: Владината мерка за маржите ја поевтини храната за 3 отсто