Вести
Во странство останува 91 пациент од пожарот во Кочани
29.03.2025
Министерот за здравство Арбен Таравари вчера на прес-конференција кажа дека на клиниките во Скопје ќе останат само 14 пациенти кои што се лекуваат од повредите во пожарот во Кочани, додека на лекување во странство остануваат 91 пациент. За отварање на Центар за изгореници кажа дека разговарале со директорот на ГОБ „8 Септември“, Ковид центарот да биде пренаменет, но за тоа, вели, дополнително биле потребно човечки ресурси.
- Нови осум пациенти повредени во пожарот во Кочани од скопските клиники се пуштаат на домашно лекување, а деветмина се враќаат од странство, информира вчера тој на прес-конференција.
Осумте пациенти кои вчера требаше да пристигнат, тројца од Унгарија, двајца од Италија и по еден од Атина, Белград и Шведска, според протоколите на Кризниот штаб, ќе останат најмалку 24 часа на скопските клиники на дополнителни проверки. Една пациентка од Бугарија, појасни, веќе е во хотел и оди само на амбулантски прегледи.
- И за четворицата критични пациенти добиваме добри вести, дека иако се сеуште во тешка состојба, но во подобрена во однос на вчерашниот ден. Оптимисти дека и тие ќе почнат да се подобруваат, да нема други компликации. Одредени лабараториски параметри покажуваат дека има подобрување, изјави Таравари.
Денеска треба да се вратат нови двајца пациенти по еден од Литванија и Шведска, а во меѓувреме може да се донесе одлука и за други, објави МИА.