Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски порача дека од страна на работната група е доставен извештајот за случајот со Теодора Ристовска, која беше прегазена на пешачки премин во Тетово.
„Завршена е работата на работната група, доставена е информација, меѓутоа се уште немав можност да ја видам таа информација и веднаш ќе биде објавена и предметот ќе биде вратен назад во судот. Во текот на денот очекуваме да излеземе со повеќе информации“, изјави Камбовски.
Камбовски не сакаше да ја коментира информацијата за парична казна за судијата од Кривичен суд Пајазит Пајазити.
„Не би ја коментирал, тоа не е правосудно завршена постапка. До овој момент нема жалба“, рече тој.