ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ДОМАШНА БАНКА СО КРАТКОРОЧЕН КРЕДИТ - под кои услови ќе ѝ се враќаат 70 милиони евра на Шпаркасе банка

Објавено во: Финансии 02 Април, 2025 12:02
Покрај задолжувањето со унгарскиот кредит, како и задолжувањата кои се прават на домашниот пазар преку издавање на обврзници, Владата ќе се задолжува и кај една од домашните банки, или конкретно кај Шпаркасе банка, една од петте најголеми банки во земјава, која е во странска сопственост.
Она што само се знае е дека ќе се земе заем на сума од 70 милиони евра, но засега не може да се дојде до информации која е висината на каматната стапка, дали има грејс период и колку изнесува, колкава е рочноста на враќање и кои се сите други услови.
Во „Службен весник“ на земјава може да се види Одлуката која ја донела Владата „за задолжување кај Шпаркасе банка по Договор за краткорочен кредит за финансирање на буџетски потреби на Република Северна Македонија“.
Оваа владина одлука е објавена во Службен весник на 17 март годинава, а законската основа за ова задолжување, како што стои во Одлуката, е Законот за јавен долг на земјава.
„Република Северна Македонија се задолжува со краткорочен кредит во вкупен износ од 70.000.000,00 (седумдесет милиони) евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето, кај Шпаркасе банка АД Скопје. Краткорочниот кредит ќе се користи за финансирање на буџетските потреби на Република Северна Македонија“, се вели во објавата во Службен весник за ова задолжување.
Како што е познато, власта претходно се задолжи кај Унгарија на сума од една милијарди евра, од кои половина одат за враќање на еврообврзницата, а од преостанатата половина 250 милиони е вра одат кај фирмите, а 250 милиони кај општините во земјава.
Неодамна почна одобрувањето на првите заеми на компаниите од унгарскиот кредит преку Развојната банка.
Власта се задолжува и на домашниот пазар преку издавање на државни обврзници, со кои ја обезбедува тековната ликвидност, а најголем дел од овие пари се наменуваат за отплата на стари долгови, односно исто такви државни обврзници кои биле издадени пред извесен период, а кои сега стигнуваат за наплата.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
САМО ЕДЕН ДЕН ПО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ТАРИФИТЕ: Најбогатите луѓе во светот изгубија 208 милијарди долари

СЕ ОГЛАСИЈА „ПЕЛИСТЕРКА“ И „ТИМОХ“ ДО АКЦИОНЕРИТЕ: Стопанска банка Битола не е на продажба, не постои таква одлука на акционерско Собрание

ПАНИКА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Трговската војна на Трамп ги уништува индексите ширум светот - скокна и ИНДЕКСОТ НА СТРАВ!

РЕЗИЛОТ Е СТРАШЕН, КАКО ДА НЕ СЕ ЖИВИ, ЗОМБИ, ПОЛУЖИВИ: Глигорова за минималната плата

КОЈА МАЛА И УСПЕШНА БАНКА ДЕЛИ ДОБРИ МЕНАЏЕРСКИ ПЛАТИ И НАГРАДИ - акционерите гласаа, еве за што ќе се исплатат 67 илјади евра

ОД 7 МАЈ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА: Еве колкава дивиденда ќе легне на нивните сметки

ПОМАЛО ПРОИЗВОДСТВО, ПОМАЛКУ РАБОТНИ МЕСТА: професор Петрески за Фактор: Индиректниот ефект од тарифите на Трамп врз Македонија ќе биде поголем

ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКУ БИ ЧИНЕЛА „ЗАСТАВА 101“ ДЕНЕС! Ја возеше цела Југославија, а во 1972 година беше продадена за околу 2.000 долари

РАБОТА ПОКРАЈ МОРЕ ЗА 1.200 ЕВРА: Обезбедено сместување и храна, искуство не е потребно
