
Американскиот претседател Доналд Трамп на членовите од неговиот кабинет и други соработници има рекол дека милијардерот Илон Маск наскоро ќе ја напушти својата илога во владата, објави Politico во средата, цитирајќи три извора блиски на американскиот претседател.
Трамп како специјален владин службени му довери на шефот и основачот на технолошките гиганти „Tesla“ и „SpaceX“ да ги предводи напори за кастрење на владината потрошувачка и елиминирање на различни сојузни агенции кои непридонесуваат и се расипнички.
Во објавата на Politico се наведува дека Трамп и Маск изминатите денови одлучиле претприемачот наскоро да им се посвети на своите компании. Претставниците од Белата куќа и од Оддел за владина ефикасност (DOGE) предводен од Маск не беа веднаш достапни да го потврдат извештајот.
Технолошкиот милијардер Илон Маск, чија цел, исто така, беше да ја намали државната администрација, изјави минатиот четвртокот дека најголемиот дел од работата за намалување на сојузната потрошувачка за трилион долари ќе биде завршена до крајот на неговиот мандат, односно за 64 дена.
Маск тогаш изјави за телевизиската мрежа Fox News дека верува дека DOGE може да заштеди 1.000 милијарди долари, намалувајќи го сегашното вкупно ниво на сојузната потрошувачка, којашто достигнува приближно 7.000 милијарди долари, на 6.000 милијарди долари.
Маск, најбогатиот човек на светот, беше назначен од Белата куќа за „специјален вработен во владата“, што го ограничува неговиот мандат на 130 дена, што значи дека неговото водство во операциите на DOGE би можело да заврши најрано на крајот од мај.
„Мислам дека ќе направиме поголем дел од работата потребна за да го намалиме дефицитот за трилион долари во таа временска рамка. Владата е неефикасна и има многу расипништво и измами, така што уверени сме дека намалувањето од 15 проценти може да се направи без да се влијае на некоја од критичните државни служби“, рече Маск.