
Речник на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот промовираа тројца автори. Една од целите на овој проект е да се апелира до медиумските работници да се користат македонските термини, наместо најчестите англиски.
Автори на овој речник и игровни активности се Елена Апостолова, Гордана Анастасова и Добри Јовевски. Тие на промоцијата апелираа до медиумите и вработените во медиумите да ги користат македонските термини, наместо да користат англицизми.
Во речникот e презентиран соодветен превод на дел од поимите од медиумска писменост што досега се користеа како англицизми.
– Со преводите и толкувањето на поимите, наставниците добиваат значајна помош во реализацијата на содржини од медиумска писменост за полесно да им објаснат на учениците што е тоа интернет, дигитален простор ,апликација,икона, емотикони,гиф…. Уште поголема поддршка за наставниците претставуваат игровните активности со помош на кои учениците ќе ги усвојуваат и применуваат новонаучените поими како на пример кликбејт – обично е потресен или сензационалистички наслов каде насловот и содржината на текстот не се совпаѓаат односно лажна информација за да измами или лажно да наведува, се наведува во соопштението од авторите на овој речник.
Речникот и игровните активности се финален продукт што произлезе од активностите во проектот „Намали ризик- медиумска писменост на македонски јазик“. Тоа е субгрантиран проект на Do not MIS/DIS TechCamp Ohrid во организација на Стејт Департментот преку Амбасадата на САД и партнерската организација Центар за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД.