ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

Објавено во: Економија 07 Април, 2025 13:48
Само три лица работат во Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај во Македонија, и тие се задолжени за сите активности во ова тело. Податоците од годишниот извештај на Агенцијата доставен во Собранието, откриваат дека тројцата вработени делат просечно илјада евра за плати, без придонеси.
Податоците говорат дека за плати за минатата година Агенцијата потрошила 2.311.965 денари, додека за придонеси од плати 899.084 денари. Иако по основ на плата, вклучително и придонеси било планирано да бидат потрошени 6.217.000 денари, сепак, биле реализирани само 52 отсто од планираните трошоци за оваа ставка.
Вкупната сума потрошена за плати, доколку се подели на три лица и за 12 месеци излегува дека вработените во оваа агенција добиваат месечно по 1.000 евра плата.
Вкупните приходи во 2024 година во Агенцијата достигнале 18.060.112 денари, износ кој е помал за 5 проценти во споредба со 2023 година, што како што е наведено во извештајот се должи на состојбите во железничкиот сообраќај.
- Наплатената годишна такса за регулирање на пазарот на железнички услуги за 2024 година во вкупен износ од 3.238.534 денари од кои 971,560 денари се однесуваат на такса од ЈП за железничка инфраструктура железници и 2.266.974 од ЖРСМ Транспорт АД Скопје.
Наплатената годишна такса за регулирање на пазарот на железнички услуги од минатите години во износ од 1.572.412 денари кој се однесува на такса за 2023 година на ЖРСМ Транспорт АД Скопје.
Приходи од издадени дозволи во износ од 430.420 денари. Пренесен приход од 2023 година во 2024 година во износ од 12.818.746 денари – се истакнува во извештајот на Агенцијата.
Кога се расходите во прашање, податоците покажуваат дека вкупните расходи по оданочување на Агенцијата за минатата година изнесувале 5.855.902 денари. Во споредба со 2023 година расходите се помали за 4 проценти, а намалувањето, како што пишува во извештајот се должи на мерки за штедење.
Кај расходите, после платата, најголем ставка се трошоците за интелектуални и други услуги за што биле потрошени 1.634.097 денари. Потоа следуваат други услуги за што се потрошени 320.648 денари, а тука влегуваат трошоци за телефон, интернет, поштенски услуги...
За енергија биле потрошени 134.455 денари, додека ставката за потрошни материјали била малку повисока и достигнала 141.47 денари.
Органи на Агенцијата се Управниот одбор и директорот, а според законот, управниот одбор се состои од тројца членови од кои еден е претседател на одборот. До почетокот на септември минатата година членови на Управниот одбор биле Раде Лазаревски, претседател и Ангел Наковски и Бујар Зендели Гафури како членови. Од почетокот на ноември месец Собранието именува нови членови на Управен одбор и тоа Нена Трајановска како претседател и Симона Симоска Ефремовска и Бурим Мемеши како членови. Директор и овластено лице на Агенцијата е Боре Еркечов.П.О.
Можеби ќе ве интересира
СЕКОЈ ТРГОВЕЦ КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ДОБАВУВАЧ, ГО УЦЕНУВА И ДИКТИРА УСЛОВИ, РИЗИКУВА САНКЦИИ - се огласи КЗК: Да се почитува Законот за забрана на нефер трговски практики

ИМОТИ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ПРОДАВААТ КАКО АЛВА: Бум на пазарот во Дубаи

ДО СКОРО ДАВАА НАГРАДИ НА ВРАБОТЕНИ ШТО ЌЕ ДОНЕСАТ НОВ РАБОТНИК, СЕГА ДОЈДЕ ОБРАТЕН ПРОЦЕС - како падот на нарачките од Германија се одрази на „Мода“ од Свети Николе

УПОЗ: Има ли пилот во авионот!?Ќе дојде 1-ви Мај, а нема плата

Бизнисменот Дестани во канцеларијата во Дубаи ги пречека амбасадорите на Македонија, Албанија и Косово

Кој заработи речиси половина милион евра во март од извоз на јагнешко во Хрватска?

ПРОГНОЗА НА ММФ: Раст за македонската економија од 3,2 проценти, за Косово 4, Албанија 3,8, а Србија 3,5 проценти

ЕВЕ КОЛКАВА Е ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА ПО ВРАБОТЕН: Надминува 40 илјади

НЕВЕРОЈАТНА СУМА ВО 2024: Македонците истргувале акции во странство за 105 милиони евра
