Младиот фудбалер на Реал Титан Хелар Гонзалес Алтамиранo (21) почина по тешка повреда на главата за време на натпреварот против Нова Кајамарка во Купот на Перу.
Трагедијата се случи во вторник на 8 април. Имено, се играше 70. минута од натпреварот кога Хелар се судри со голманот на противничката екипа. По ударот тој паднал на грб и останал да лежи на тревата, а на помош веднаш му дошле соиграчите и играчите од противничкиот табор. Му го почувствувале пулсот и се обиделе со кардиопулмонална реанимација, но бидејќи не реагирал, веднаш повикале лекарска екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА