Лаутаро Мартинес стана најефикасен стрелец во историјата на Интер во мечеви од ЛШ

Со голот што го постигна вечерва против Баерн Минхен, аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинес стана прв стрелец во историјата на Интер според голови постигнати во Лигата на шампионите.

За Лаутаро ова беше 19-ти гол во елитното европско натпреварување, со што го надмина Бразилецот Адријано, кој во дресот на Интер даде 18 гола во ЛШ.

Инаку, за Аргентинецот ова е седми гол сезонава во ЛШ, што е најдобар голгетерски биланс за фудбалер на Интер од сезоната 2010/2011 наваму. Тогаш Самуел Ето постигна 8.

- Оглас -

Најнови вести