Економија
ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ КИНА СО ЕКОНОМСКИ РАСТ НАД ОЧЕКУВАЊАТА
16.04.2025
Кинеската економија оствари раст од 5,4 отсто во првиот квартал годинава, што е над очекувањата наспроти предизвиците од повисоките американски царини. Во првиот квартал кинескиот БДП ги надмина очекувањата од анкетата на Ројтерс за годишен раст од 5,1%. Растот годинава се должи на економското закрепнување што започна кон крајот на 2024 година, благодарение на широко распространетите стимулативни мерки од политиката на Пекинг.
Во март годинава малопродажбата во Кина порасна за 5,9% на годишно ниво. Според податоците на Националното биро за статистика индустриското производство се зголеми за 7,7% на годишно ниво, во споредба со средната проценка од 5,8%.
Инвестициите во основни средства се зголемија за 4,2% . Сепак, има забавување на инвестициите во недвижности и кај инвестициите во основни средства, кои се намалија на 9,9%, додека кај инвестициите во инфраструктура и производство се забрзаа.
Стапката на невработеност во градовите во Кина се намали на 5,2%.
Кинеското раководство постави амбициозна цел за годишен раст од околу 5 отсто.
Учеството на кинескиот извоз во САД се намалил на 14,7% во 2024 година од 19,2% во 2018 година, пренесува Сеебиз.
фото freepic