Кина повторно ги зголемува царините за Америка

Кина повторно ги зголемува царините за Америка

пред 2 недели

Пекинг денеска ги зголеми царините за американски увоз од 84 на 125 отсто возвраќајќи на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголеми тарифите за кинеските стоки на 145 отсто зголемувајќи го влогот во трговската војна, која се заканува да ги уништи глобалните синџири на снабдување.

Зголемувањето доаѓа откако Белата куќа го продолжи притисокот врз втората по големина економија во светот издвојувајќи ја за дополнителни зголемувања на царините, а паузирајќи ги повеќето реципрочни царини наметнати на десетици други земји.

„Американското наметнување на невообичаено високи царини за Кина сериозно ги крши меѓународните и економските трговски правила, основните економски закони и здравиот разум и е целосно еднострано малтретирање и принуда“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за финансии.

Текстот Кина повторно ги зголемува царините за Америка е превземен од МАКФАКС.

Share