Дербито меѓу Вардар и Шкендија беше за 10-ка, но сепак имаше еден спорен момент (Видео)

Вардар и Шкендија ремизираа 1:1 во првиот меч од 24 коло на фудбалската лига на Македонија. Дуелот меѓу големите ривали го оправда епитетот на дерби. Покрај двата гола, двете екипи се обидуваа да стигнат до втор погодок, но на крајот заврши без победник.

Полните трибини на стадионот беа само дополнителен мотив за фајтерска игра на теренот.

Судијата Фатмир Бафто од Охрид додели по четири жолти картони за двете екипи, сите оправдано покажани. Играчите на двата тима на крајот пријателски си честитаа за одличниот меч.

Сепак, еден ваков меч не може да помине без некоја спорна ситуација, а таква беше онаа кога Дарко Сековски проби во шеснаесетникот на Шкендија, а од позади стартуваше Фабрис Тамба. Сековски падна, но судијата Бафто остана нем и играта продолжи.

- Оглас -

Најнови вести

×