Фудбал
Не го сакам, стар е-Ханс Флик го блокираше трансферот на 28-годишниот фудбалер на Ливерпул!

Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик не го одобри трансферот на крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз, пренесува „Ел Национал“.
Иако раководството на Барселона размислува да го ангажира 28-годишниот Колумбиец, Флик смета дека неговата возраст е пречка за трансферот. Германецот сака да се фокусира на млади играчи кои можат да се докажат на среден и долг рок.
Флик го фаворизира потпишувањето на 22-годишниот крилен напаѓач на Атлетик, Нико Вилијамс. Пријателските односи на Нико со Ламине Јамал и Алекс Балде може да му ја олесни преселбата на баскискиот фудбалер.
Луис Дијаз оваа сезона на клупско ниво на 42 натпревари постигна 13 гола и имаше седум асистенции.