• Иван Димовски

Реал Мадрид се соочува со неочекуван проблем во пресрет на реванш дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Станува збор за повреда на Килиан Мбапе. Француската ѕвезда и најдобар стрелец на „кралевите“ оваа сезона во текот на дуелот со Рајо викендов доби удар во зглобот. Поради тоа неговиот настап против Атлетико е под знак прашалник.
Информациите од Шпанија велат дека во текот на денот ќе се донесе одлука дали Мбапе да игра на реваншот на „Ванда Метрополитано“. Голема е веројатноста дека Французинот ќе остане на клупата за резерви и оттаму ќе ја чека својата шанса за придонес против градскиот ривал.
Инаку, Реал на овој меч доаѓа со предност од 2-1 од првата средба.