logo
logo
logo

Австралиец завршил во болница со тешки повреди, откако го претепал – кенгур

Vecer | 31.01.2025

Австралиец завршил во болница со тешки повреди, откако го претепал – кенгур

50-годишниот маж одел кон својот автомобил во близина на Емералд во центарот на Квинсленд кога дошле два кенгура. Едниот побегнал откако го видел човекот, а другиот кенгур висок два метри и тежок околу 100 килограми станал агресивен и дивјачки го нападнал. Мажот се здобил со сериозни расекотини на колкот, раката и градниот кош, се вели во соопштението за медиумите, пренесува Мирор.

Рик Андерхил од руралната противпожарна бригада Вилоус изјави дека жртвата би искрварел до смрт доколку неговиот сосед не бил дома за да му помогне по нападот.

Повредениот бил пренесен во болницата Емералд, а потоа префрлен во болницата Рокхемптон каде неговата состојба била стабилизирана.

Во овој дел на Квинсленд досега немало напади на кенгури, но по овој напад властите ги предупредија жителите да бидат внимателни и да останат внатре.

Многу постари луѓе живеат во оваа мала заедница и сакаат да ги шетаат своите кучиња во раните утрински часови, кога можат да наидат на непријатност наречена кенгури.

Андерхил, исто така, ги повикале жителите да престанат да ги хранат кенгурите во областа во обид да спречат идни напади.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk