Спорт
ФФМ најави дисциплинска постапка за натреварот во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија најави санкции за фудбалскиот клуб Шкендија, чии навивачи денеска предизвикаа скандал со недоличното однесување пред почетокот на прволигашкиот дуел со АП Брера.
Сите натпревари од актуелното коло започнаа со минута молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани, но навивачите на Шкендија решија да изразат целосно непочитување и краткиот период го исполнија со пеење, скандирања и свирежи.
ФФМ неколку часа подоцна најави дисциплинска постапка.
– Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
– Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства. ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат. За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.
– Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата. ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
– Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, – стои во соопштението на ФФМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Белингем: Имаме среќа што примивме само три гола

Фудбалерите на Арсенал одиграа перфектен натпревар против Реал, славеа со 3:0 и стекнаа речиси недостиѓна предност пред четвртфиналниот реванш во Мадрид.
По првото полувреме во кое немаше голови, избраниците на Микел Артета постигнаа три гола во вториот дел, а се истакна Деклан Рајс, кој постигна два гола од слободни удари. Конечниот резултат го постави Микел Мерино.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти во краткото интервју за „Movistar“ ги коментираше шансите за пресврт.
„Многу пати сме правеле пресврти и сега мораме да го направиме тоа повторно. Комплицирано е, но мораме да се обидеме од првата до последната минута. Во текот на еден час тимот беше добар, а потоа скапо ги плативме двата гола од слободни удари. Ментално не бевме добри на крајот од натпреварот“, рече тој и додаде: „Ова е доста тежок пораз. Имаше интензитет, додека не го постигнаа вториот гол“.
По средбата, Џуд Белингам се истакна со своите критички коментари. Англискиот играч од средниот ред призна дека Арсенал е подобриот тим и рече дека Реал може да биде среќен што прими само три гола: „Имавме среќа што примивме само три. Сепак, ако некој тим може да се врати после ова, тоа е Реал. Сега ни треба совршена, магична ноќ во Мадрид“.
Спорт
(Видео) Ужасна повреда на Џејлен Валас

Кошаркарот на Мемфис Гризлис Џејлен Велс доживеа несреќа на натпреварот против Шарлот.
Екипата на Мемфис Гризлис го победи Шарлот Хорнетс со 124:100, но резултатот од тој меч беше на втор план.
Причина за такво нешто е хорор сцената во која учествуваше Џејлен Велс. Младиот играч на Мемфис по забивањето падна на глава и тешко се повреди.
Медицинскиот извештај вели дека Велс го повредил вратот, за кој првично се стравуваше дека е скршеница.
Тој беше изнесен од салата на носилки директно во болница, а сцените беа толку страшни што гледачите се фаќаа за глава, играта накратко беше прекината. Како што објави Шамс Чаранија од ESPN, Џејлен Велс е буден и ги движи екстремитетите.
Имаше среќа да помине „само“ со скршен зглоб на десната рака и ќе ја добие потребната нега во болница.
Jaylen Wells : 3 points on 1-4 shooting, 1-2 from the FT line & 5 rebounds in 11 minutes (Left tonight's game in a stretcher after he landed on his neck on a dunk attempt. He can move all his extremities but he broke his right wrist)
pic.twitter.com/FTF4JRUbxy
— Lee Harvey (@MusikFan4Life) April 9, 2025
Спорт
(Видео) Торпедата на Деклан Рајс го потпија Реал, Интер победи во Минхен

Арсенал и Интер полека можат да размислуваат за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Вечерва, Арсенал го прегази Реал со 3:0, а Интер во Минхен го победи Баерн со 2:1.
Микел Артета му одржа час по фудбал на еден од најдобрите тренери во историјата, Карло Анчелоти. Арсенал буквално го прегази Реал, кој може да биде задволен што Лондон го нашушти со три примени гола.
Апсолутен херој е Деклан Рајс, чии две торпеда од слободни удари, во 58. и 70.минута го потопија „краслскиот клуб“. Точка на мечот во 74.минута стави Микел Мерино.
Можеше Арсенал да постигне уште некој гол, но во периодот од 60. до 64.минута Куртоа имаше две брилијантни интервенции, а Алаба и Белнгем интервенираа од гол-линијата.
Реал во текот на целиот меч имаше само една шанса, преку Мбапе, чии удар успеа да го скроти Давид Раја.
Интер во Минхен ги искористи сите проблеми кои Баерн ги има со повредите во дефанзивниот дел од тимот.
Италијанскиот првак поведе со брилијантниот гол на Лаутаро Мартинез во 38.минута.
Баерн се врати во мечот во 85.минута кога Томас Милер изедначи, но само три минути подоцна Фратези погоди за победа на Интер.